Мила Кунис и Ештон Качер не се кријат повеќе – се бакнуваат пред сите и секаде

Од:

Иако им требаше долго време само за да објават дека се во врска, Мила Кунис и Ештон Качер, веднаш по тоа одлучија да појдат и чекор напред во комуникацијата и изложувањето пред јавноста. “Изливите“ на емоции сега ги покажуваат пред сите и насекаде. Па така кога одлучуваат да се бакнуваат страсно пред сите, тоа го прават на најраздвиженото место во Њујорк – во Централ парк.

Облечени сосема лежерно, двајцата вљубени не можеа да се отргнат еден од друг, додека споделуваа знаци на внимание и љубов еден кон друг во најпознатиот и најраздвижениот парк во “Големото јаболко“. Двојката долго време ја криеше својата љубовна врска од очите на јавноста, но фотографиите од вчера сугерираат дека актерите се подготвени да ја споделат нивната љубов со светот.
Денот го започнале со доручек во Гриинвич Вилиџ, каде 34 годишниот актер ја хранел убавата бринета, ставајќи и парчиња од неговото јадење во уста. А веднаш потоа се упатиле кон паркот.

Дека Кунис и Качер се гледаат тајно се зборуваше уште во април, набрзо откако Качер се разведе од Деми Мур. Но Мила, која излезе од 8 годишна врска со Меколи Калкин во јануари 2011-тата, ги негираше тврдењата. Тогаш таа изјави дека само се дружат и го обновуваат пријателството кое започнало пред 15 години уште пред снимањето на заедничката тв серија „Луди 80-ти“ во кои глумеа заљубен пар. Но веќе во јуни папараците ги фатија како се бакнуваат на забава во Холивуд.

Дека се работи за нешто повеќе од само флерт, зборува и фактот дека биле заедно на кошаркарски натпревар со родителите на двајцата актери и дека сериозно размислуваат да посвојат куче.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски