Мерлин Монро и ден денеска е една од најголемите секс симболи на светот, а ѕвездите често прават едиторијали и спотови инспирирани токму од неа. Меѓутоа според најновите податоци прекрасната русокоса сакала жени.
Имено педесетина години по нејзината смрт, авторот на најновата биографија Marilyn Monroe: Private And Undisclosed, Мишел Морган тврди дека Мерлин воопшто не сакала мажи.
Наводно таа имала сексуални афери со актерките Џоан Крафорд, Марлен Дитрих и Елизабет Тејлор.
„Комплетното нејзино постење беше потрага по идентитетот, а нејзиниот сексуален идентитет беше потполно лажен. Еднаш ми рече дека никогаш не доживеала оргазам“, вели нејзиниот пријател Негулеско, режисер на филмот How To Marry A Millioner.
Инаку се шпекулира дека се плашела од бременост, не сакала да роди болно дете поради генетските предиспозиции. Нејзината мајка била болна од шизофренија, а на нејзиниот брат му била дијагностицирана параноидна шизофренија.