Во своето последно интервју, контраверзниот музичар Мерлин Менсон oткри дека е подготвен да стане татко и дека оваа родителска обврска се повеќе му се врти во главата.
„Сестрата – близначка на мојата девојка Линдзи неодамна доби бебе и почнав да си размислувам дека нема да биде лошо моите „расипани“ гени ги пренесам на едно мало суштество кое ќе го „затресе“ светот и ќе зборува пцовки цело време“ – објасни Менсон во негов стил.
Линдзи и Менсон почнаа да се забавуваат пред две години. Можеби тоа е доволно за ексцентричниот рокер да одлучи да започне семејство со неа бидејќи веќе призна дека е многу заљубен.