Мел Гибсон станува агресивен

Од:

Теди Џој Гибсон, која од 2001 година била во брак со таткото на Мел Гибсон, Хатон Гибсон, тврди дека познатиот актер го саботирал нејзиниот брак, дека бил агресивен кон неа и затоа поднела барање во кое бара на Мел да му се забрани да и се приближува нејзе и на нејзиниот дом, пишува порталот „ТМЗ“.

Минатиот месец во медиумите оддекна веста дека Хатон Гибсон, татко на познатиот актер Мел Гибсон, се разведува во 93-та години од животот затоа што „сопругата го малтеретира“. Џој тврди дека сето тоа е лага и дека на развод го натерале Мел и неговата сестра Маура.

Како што тврди Џој, Мел и Маура неа не ја сакаат затоа што не ги одобрува алтернативите медицински третмани на кои тие го наговараат својот татко. Бидејќи двајцата се агресивни кон неа, Џој, преку адвокатот Брајан Крамер, бара на Мел да му се забрани приближување.

Психичкото злоставување, наводно, почнало во октовмри 2011 година.

-Мел почна да вика, пцуе и користеше многу навредливи зборови. Беше толку бесен што лицето му поцрвене, пишува таа во изјавата. Во март 2012 година бил во посета, готвел за нив, а кога Џој одбила да јаде затоа што ја болел стомакот, Мел и се заканувал дека ќе ја избрка од куќата ако не проба од храната.

-Почна да вика и да ми се внесува во лице. Ми беше толку блиску, викаше и ме плукаше. Толку многу беше бесен, не знам како очите не му испадаа од главата, вели Теди и додава дека Мел се обидува да ја исфрли од сегашниот дом во кој живее, затоа што е на имотот на добротворната установа, што Гибсон ја поседува.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска