Меколи Калкин во сериозни проблеми поради дрога

Од:

Американскиот глумец Меколи Калкин, кој како дете се прослави играјќи во блокбастерите „Сам дома“, има сериозни проблеми со дрогата.

Триесет и едно годишниот актер денес е далеку од слаткото момче, каков што го паметиме во улогата на Кевин Мекалистер. на неговите фотографии изгледа како плашило, а причината е, како што се тврди, неговата зависност од хероин и силни аналгетици.

– Меколи Калкин е зависник од дрога и тоа би можело да го чини живот. зависен е повеќе од една и пол година. Неговата дрога се хероин и оксикодон. Тој се здружи со наркомани и губитници. Тоа е вистинска трагедија, изјави еден негов загрижен пријател.

Според медиумите, меколи троши околу 6.000 долари месечно на аналгетици и дрога.

– Меколи умира. Неговите најблиски пријатели стравуваат дека би можел да се предозира. Доколку никој не му помогне или не оди на рехабилитација, тој многу лесно би можел да почине за шест месеци, истакна друг извор.

Веќе долги години се шират гласини дека Меколи има проблеми со дрогата. Наводно, тој тргнал по погрешен пат по скандалот со Мајкал Џексон, кога кралот на поп музиката бил осомничен дека сексуално го злоставувал Меколи, кој тогаш бил дете. Тежок удар доживеал и лани, по раскинувањето со глумицата Мила Кунис со која бил во врска осум и пол години.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска