Меккензи Скот донира 1,7 милијарди долари во хуманитарни цели

Од:

Меккензи Скот, поранешната сопруга на милијардерот Џеф Безос, ќе донира 1,7 милијарди долари во хуманитарни цели. Парите одат на сметка на организации што се борат за расна еднаквост, за правата на ЛГБТ заедницата, јавното здравје и против климатските промени, како што објави таа на својот блог.

– Како и многумина, првата половина на 2020 година ја доживеав како мешавина од скршено срце и ужас… Почнав да работам на тоа да ги остварам ветувањата кон себеси, со верба дека мојот живот ми дал две нешта коишто би можеле да бидат од особено значење за другите: парите што општеството ми ги пружи и убедувањето дека луѓето кои имаат искуство со нееднаквости се најдобрите за носење одлуки, напиша милијардерката.

При разводот со Безос минатата година, уделот на Скот во компанијата Амазон чинеше 36 милијарди долари, а денес, со растот на акциите, проценките говорат дека нејзиното богатство вреди 60 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска