Американската пејачка Меган Трејнор и нејзиниот сопруг Дерил Сабара, момчето ѕвезда од филмот „Деца шпиони“, го очекуваат своето прво дете.
Меган во интервју за „Шоуто на Хода и Џена“ вели дека тие двајца „не можат да спијат“ од возбуда. Таа во повеќе наврати напомнуваше дека сака големо семејство.
– Знаете како велам јас!? Ајде да ги направиме одеднаш. Сакам близнаци или тројка, вели пејачката.
Меган и Дерил се венчаа 2018 година.
Таа открива и дека на Божик, пред Нова година, ќе објави две нови песни. Новиот нејзин албум пак, под наслов „A Very Trainor Christmas” излезе на 30 октомври.