Мараја Кери – новиот судија на „Американски идол”

Од:

Откако судите Џенифер Лопез и Стивен Тајлор го напуштија шоуто „Американски идол“, славната пеачка Мараја Кери ќе му се придружи на тимот за следната сезона.

„Јас сум пресреќна што ќе бидам дел од идолот“, изјави ѕвездата во телефонски разговор за „Фокс“.

Менаџерите на компанијата велат дека многумина од кандидатите се обидувале да ги интерпретираат нејзините песни и да го достигнат нејзиниот успех. Таа за многу кратко време ги освои своите обожаватале кога се појави на музичката сцена.

Анонимни извори потврдија дека една од најголемите музички таленти во историјата на пеењето веќе го потпичала договорот со компанијата за скромни 18 милиони долари за наредната година со можност за продолжување.

Шоуто започнува во јануари, а Мараја со душа чека да „суди“.

 

 

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска