Манекенот Андреј Пејиќ ќе ја стигне Жизел во заработката

Од:

Кога почна да се занимава со манекенство андрогениот манекен Андреј Пејиќ (21) се согласувал на хонорар од 40 евра по ревија, но ситуацијата за него со време се промени и во моментот тој е еден од најплатените и најбараните модели во светот, пренесуваат светските медиуми.

Неговиот поранешен агент Метју Андерсон, со кој Пејиќ потпишал договор уште во 2008 година, неодамна изјавил дека Андреј може да заработи до 30.000 евра само за една недела на некоја од модните недели.

– Оние кои го сакаат на своите ревии, не му нудат под 7.000 евра. Бразилската топ-моделка Жизел Бундшен (32) по час заработува по 5.500 евра, па Андреј е на добра пат да ја претекне – изјавил Андерсен.

Доброупатени извори тврдат дека Пејиќ своето појавување на јавните настани го наплатува по околу 37.000 евра, а неговиот распоред му е испланиран неколку месеци однапред.

Популарниот манекен неодамна изјавил дека за договор со модниот бренд „Викторија сикрет“ би бил подготвен дури да го промени и својот пол. Изминатата година тој се најде на 18-тото место во ТОП 50 најдобри модели во светот во машка и женска конкуренција. Пејиќ застапува дури десет модни агенции за светскиот пазар.

Жизел Бундшен пак од мај минатата година досега заработила околу 35 милиони евра, и се наоѓа на првото место на најплатени манекенки според листата на „Форбс“.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска