Манекенката со необичен изглед го покажа своето совршено тело на плажа во Мајами

Од:

Манекенката со необичен изглед, 25-годишната Вини Харлоу беше фотографирана од папараци на плажа во Мајами, каде ги помина празниците.

Вини се сончаше и позираше во минијатурно беж бикини кое совршено ги истакнуваше нејзините гради и витко тело. Додека нејзината долга црна коса „паѓаше“ на грбот, Вини изгледаше како вистинска божица на женственоста.

Иако е дефинитивно различна од просечниот модел, токму нејзината уникатност ја направи еден од најпрепознатливите модели на денешницата.

Вини, чие вистинско име е Шантел Браун Јанг, се појави во јавноста во 2014-та година на шоуто „America’s Next Top Model“.

Денеска таа е еден од најуспешните модели во светот, додека на почетокот на нејзината кариера имала проблем со деловните зделки поради нејзиното заболување витилиго, состојба која предизвикува депигментација на делови од кожата, при што се појавуваат бели дамки со неправилен облик.

И покрај нејзината состојба, оваа 25-годишна девојка зрачи со самодоверба и поради тоа е пример за многу млади жени.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска