Манекенката Криси Тејген сака да го извади силиконот од своите гради

Од:

Во интервју за британското списание „Гламур“, манекенката Криси Тејген откри дека пред 14 години ставила силикон во своите гради, но и оти сега сака да го извади.

– Да, кога имав 20 години, ставив импланти во градите. Тоа беше поради костимите за капење. Мислев, кога веќе позирам, легната на грб, сакам тие (градите) да бидат „разиграни“. Но, потоа добив деца, па ми се полнат со млеко и сега сум зафркната, раскажува сосем искрено моделот.

Натаму, таа појаснува дека не ги направила поголеми, туку само ги пополнила за да бидат „потркалезни и поцврсти“.

– Силиконот треба да се менува секои десет години. Но, кога имате деца, почнувате да размислувате за ризиците од сè тоа… Па не сакам да умрам од операција на градите, истакна Тејген. Потоа таа говори и за својата опсесија со тежината, којашто сега е минато.

Манекенката со норвешко-тајландско етничко потекло, од 2013 година е омажена за пејачот Џон Леџенд и имаат две деца.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска