Мајкл Џексон бил „безнадежен случај“?

Од:

Според информациите што неодамна „протекоа“ во социјалните мрежи, поврзани со кам-бек концертот на кралот на попот, Мајкл Џексон, промоторите го опишале како емоционално парализиран и безнадежен случај кој бил премногу пијан за да го напушти и сопствениот стан.

Состојбата на пеачот, неговото кревко ментално и физичко здравје било откриено и од пораките што си ги испраќале меѓусебе вработените во „АЕГ“, компанијата што работеше на неговата последна турнеја.

Е – маили на околу 250 страници беа откиени за да послужат како доказ во разврската помеѓу осигурителната компанија „Лојд“ од Лондон, и „АЕГ“, заради барање на надомест на штета на „АЕГ“ од 17, 5 милиони долари, поради неодржаната турнеја и парите што ги загубиле поради ненадејната смрт.

Осигурителната компанија ја обвинува „АЕГ“ дека лошо го прикажала здравјето на ѕвездата од која сакала да заработи пари.

Смртта на Џексон не ја спечи компанијата да си ги зголемува своите приходи од него. Само од документарниот филм, таа заработи околу 260 милиони долари.

Документите откриваат дека Џексон никогаш не отишол на потребниот медицински преглед на кој „Лојд“ го обврза.

Промоторите не признаваат дека ја прикажале состојбата на Мајкл погрешна и дека направиле нешто спротивно на законот.

За пораките на вработените велат дека ја прикажуваат ѕвездата во негативно свето, но тоа не било вистина. Тој бил прекрасен човек, способен да се грижи за себе и својата работа.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска