Една од најубавите холивудски актерки на сите времиња, Шарлиз Терон, имала многу бурен и тежок живот, а по нејзината животна приказна би можел да се сними и филм.
Шарлиз е родена 7. август 1975. година во мало место Бенони, во близина на Јоханесбург во Јужноафриканската република. Израснала на семејна фарма заедно со своите родители.
Нејзиниот татко бил алкохоличар кој со години ја малтретриал и злоставувал нејзината мајка. Кога актерката имала 15 години, нејзината мајка го убила татко и во самоодбрана.
Иако овој стрес многу влијаел на нејзе, таа веќе на 16 години се отселила во Милано, каде почнала да работи како модел, а неколку години подоцна се преселила во Њујорк.
Таа сакала да стане балерина и во тоа била исклучително успешна, но тогаш живеела многу тешко и немала воопшто пари.
И покрај талентот и трудот, Шарлиз морала да се откаже од кариерата како балерина, поради финансиските проблеми, како и поради повредата на коленото која ја доживеала. Поради се западнала во тешка депресија.
Шарлиз како дете боледувала од жолтица, што пак предизвикало дентални проблеми. Во едно интервју таа изјавила дека до 11 години немала заби.
Среќата и се насмевнала во 1996-та година кога ја добила својата прва улога, а веќе тогаш ги заинтригирала критичарите. За улогата во филмот „Монструм“ од 2003-та година ја доби престижната награда, Оскар.