Мадона стартува со турнејата од Израел

Од:

Поп дивата Мадона со трите деца пристигна во Израел пред концертот со кој од следнатат недела во Израел почнува нејзината светска турнеја.

Огромен конвој со возила под силно полициско обезбедување влезе синоќа во Тел Авив.

Екипата која го подготвува нејзиниот настап на стадионот Рамат Гану на 31 мај, иако ги крие сите детали за Мадона, медиумите веќе објавија дека за неа се подготвува привремен луксузен објект покрај стадионот, со базен и соба за играње на децата како и дека е ангажиран приватен кувар и четворица чувари.

Ќерката на Мадона, 15-годишната Лурдес, ќе се појави на бината на концертите како танчерка.

Израелските медиуми јавуваат дека таа ќе биде сместена во хотел во посебно подготвен дел само за неа.

Во Израел Мадона е позната како Естер а медиумите нејзиното доаѓање го најавија со наслови „Кралицата пристигна“.

Мадона не е еврејка, но го прифати еврејското име Естер, по сопругата на персијскиот крал но и ја проучува еврејската мистика-кабала. Најавено е дека Мадона ќе го посети центарот на кабала Сафад во северен Израел.

[nggallery id=32]

 

 

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска