Мадона ќе посвојува уште две деца?

Од:

Поп ѕвездата Мадона планира да посвои уште две деца од афричката држава Малави, соопштија од таму.

Пејачката предала барање за посвојување во судот во Лилонгве, главниот глад на Малави. Мадона веќе има посвоено две деца од афричката држава, Дејвид Банда во 2006 и Мерси Џејмс во 2009.

Ѕвездата има и две други деца, Лудрес и Роко, од нејзините претходни врски. Минатата година Мадона изгуби судска парница во врска со старателството за нејзината ќерка, па 16. годишната Роко живее со нејзиниот татко Гај Ричи во Лондон.

Од судот во Лилонгве соопштија дека ѕвездата била таму и предала барање, меѓутоа пејачката за „Ју Ес Викли“ изјавила дека ова се само шпекулации.

„Јас сум во Малави да ја видам работата на детската болница во Блантир и останатата работа на хуманитарната организација и после тоа си одам дома. Шпекулациите за посвојување се невистинити“ рекла Мадона.

„Кралицата на поп музиката“ има започнато хуманитарна организација во Малави уште во 2006 година и досега има инвестирано околу 15 милиони долари во школи, стипендии и болници.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска