Мадона ја пее „Born this way“

Од:

Во текот на припремите за концертот во Тел Авив, со кој на 31. мај ќе ја започне својата голема турнеја, Мадона ги изненади сите кога отпеа микс од својата песна „Express Yourself“ и песната на Лејди Гага „Born This Way“.

Иако на неколку пати ја критикуваше нејзината помлада колешка, тврдејќи дека често ја копира, се чини дека Мадона сепак ќе и оддаде почит на својата турнеја.

Меѓутоа постои можност дека ова е само уште еден маркетиншки трик, кој добро би им дошол и на двете пејачки. Освен Мадона и Лејди Гага, почнува турнеја.

Инаку песната „Born This Way“ е објавена на 11. февруари, минатата година, како прв сингл од вториот албум на Лејди Гага. Веднаш по објавувањето, критичарите ја споредија со „Express Yourself“ на Мадона.

http://www.youtube.com/watch?v=r-GBzVyUUl0

„Звучи како преработена „Express Yourself“, со мали додатоци на песната „Vogue“. Тоа е „премногу Мадона“ за некој кој сака да изгради свој автентичен имиџ, како нова Мадона“, истакна британскиот критичар Ник Мекормик.

 

 

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска