Мачката Сали го спаси животот на сопственикот, Крег Џивси, кој можеше да настрада во пожар.
Џивс (49) спиел во неговата куќа во Мелбурн кога во понеделникот рано наутро го разбудила вознемирена мачка. Сали скокнала врз главата и силно мјаукала. Џивс се разбудил, сфатил дека куќата се запалила и успеал да истрча надвор во последен момент.
– Не би станал да не беше мачката, рече Џивс.
Тој и мачката Сали не се повредени, но куќата е целосно уништена во пожарот.