Лу Рид: Никогаш не ги сакав „Битлси“, ги сметав за смет

Од:

Рок авангардистот Лу Рид во едно неодамна објавено интервју вели дека никогаш не му се допаѓале „Битлси“ и дека секогаш ги сметал за смет.

– Никогаш не ги сакав „Битлси“, мислев дека се смет. Ако ме прашате кој ми се допаѓал…. Никој не ми се допаѓаше, вели Рид во видео интервју објавено во документарна серија на телевизијата Пи-Би-Ес, во која со анимации се „оживуваат“ одамна заборавени разговори со познати музичари.

Во интервјуто, кое датира од 1987 година, музичката легенда не ги поштедува ни своите успешни колеги во 60-те години на минатиот век „Дорс“.

Лу, кој почина во октомври 2013 година, натаму вели дека целта на неговиот бенд „Валвет Андерграунд“ била рокенролот да го подигне на ниво на кое претходно никој не го однел.

Тој оценува дека никој не сфатил оти песната „Валвет Андерграунд“, „Venus in Furs“ е темелена на романот на австрискиот писател Леополд вон Сашер-Масока, а за реакцијата на публиката на песната „Хероин“ вели дека имал чувство како „да го убил Папата или нешто слично“.

Покојниот рокер на 18 април минатата година беше „примен“ во Куќата на славните рокенрол музичари, како соло уметник. Тој сепак и пред тоа беше ѕвезда во Куќата на славните, имајќи предвид дека „Валвет Андерграунд“ станаа дел од неа во 1996 година.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска