Футуристичкиот летниковец кој рускиот милијардер Владимир Дорнин го изгради во московската шума за Наоми Кембел, е ставен на продажба за 78 милиони фунти, односно 91 милиони евра.
Куќата се простира на преку 35 илјади метри квадратни, а покрај многубројните простории во склопот на куќата се наоѓа и ноќен клуб, а цел комплекс е изграден во елитното предградие на Москва.
Се смета дека оваа куќа која има многу необичен изглед требало да биде подарок за венчавка на убавата манекенка, а ова љубовно гнездо го чинело рускиот милијардер неверојатни 109 милиони фунти, односно 128 милиони евра.
По нивното разделување, вилата првобитно беше на продажба по цена од 137 милиони евра, но безуспешната продажба го наведе Доронин да ја спушти цената.
Инаку интересен податок поврзан за оваа вила е дека комплетниот дизајн бил исцртан на салфетка.