Елизабет Харли има 53 години и на постовите на социјалните мрежи таа редовно ја нагласува својата извонредна линија.
Британската актерка овој пат објави видео кое доби над 300 000 допаѓања.
„Забавата секогаш е добра ако ја напуштиш бос“, напиша Лиз, која во видеото носи проѕирен црн фустан под кој се наѕира долната облека.
Инаку, ваквото слободно однесување неодамна го погоди синот на Лиз, Дамијан (16).
„Тој е на возраст кога се срами од сè што прави неговата мајка и едноставно не разбира зошто неговата мајка не може малку да се покрие“, кажа неговиот пријател.
Тој додаде дека актерката не разбира зошто нејзиниот син бара да го покрие телото, бидејќи таа е исклучително горда на својот младешки изгледа и му кажува дека нема ништо погрешно во тоа да се биде секси на нејзина возраст.
Англичанката го доби синот во врска со американскиот бизнисмен Стив Бинг (52). Но, тој не го призна веднаш по раѓањето во 2002 година и тврдеше дека имале кратка авантура. Харли го потврди неговото татковство со ДНК-тестот.