Ливерпул ќе биде домаќин на Евровизија следната година

Од:

Ливерпул ќе биде домаќин на Изборот за песна на Евровизија 2023 година. Ливерпул беше еден од 20-те градови кои се натпреваруваа за домаќин на Евровизија, што оваа година се одржува во Велика Британија. Во финална конкуренција покрај Ливерпул беше и Глазгов.

„Никој не прави забави како нас“, рече градоначалничката на Ливерпул Џоан Андерсон кога се одредуваше домаќинот.

„Домот на Битлси е подготвен да приреди шоу за Украина, Велика Британија и Европа“, додаде таа.

Обединетото Кралство претходно осум пати беше домаќин на натпреварот, од кои четири се одржаа во Лондон. Последен пат таму се одржа во 1998 година во Бирмингем.

Украина требаше да биде домаќин на натпреварот следната година, откако украинската фолк-рап група Калуш Оркестар победи во Торино во мај, а британскиот претставник Сем Рајдер го освои второто место со необичната песна Space Man.

И покрај негодувањето од владата на претседателот Володимир Зеленски, Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која ја води Евровизија, заклучи дека Украина не може да ја гарантира безбедноста на повеќе од 10.000 луѓе вклучени во продукцијата и на уште 30.000 обожаватели.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем украински напад, пожар во клучната руска база

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

Мохамед Салах е избран за играч на месецот во Премиер лигата за февруари