Линзи Лохан повеќе време минува во суд отколку во студио

Од:

Линзи Лохан повторно е повикана на суд, овојпат поради давање лажен исказ по сообраќајната несреќа што се случи минатата година, кога беше на условна слобода. Актерката, меѓутоа, сега се призна, па судот наместо 240 дена затвор и одреди казна -рехабилитација што ќе ја спроведе во следните три месеци.

Според американските медиуми, Лохан веќе на 25 март треба да почне со отслужување на казната, што опфаќа 90 дена престој и лекување во Центар за одвикнување, што нема да смее да го напушти, како и 30 дена општествено корисна работа во Њујорк, потоа 18 месеци редовна психотерапија и надомест на штета за човекот кого во јуни го удри со својот автомобил.

Доколку некоја од овие одлуки не ја испочитува на Лохан и следува затвор, но и ново судење за непочитување на одлука на судот, за што може „зад решетки“ да остане и неколку години.

Списанието „Пипл“ пишува дека судијата и советувал повеќе да не седнува зад волан и да се држи до договореното, инаку не и се пишува добро.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска