Поранешниот возач на глумицата Линдзи Лохан, Едсон Ричи тврди дека таа неговите услуги ги користела од август до октомври 2012 година, но никогаш не му платила. И бидејќи одбива да го плати долгот кон нејзиниот возач, тој одлучи да поднесе тужба против неа.
Возачот тврди и дека ја платил сметката за хотелот во кој престојувала.
Станува збор за долг од 26 илјади евра. Во тој период, Линдзи користела дрога и често предизвикуваше скандали.
Таа година направи и сметка од 40.000 евра во луксузен хотел во Лос Анџелес, која не ја платила, а крадела и накит.