Познатиот српски кошаркар и неговата сопруга преубавата манекенка Адријана Лима ги демантираа гласините за развод. До крајот на летото го очекуваат своето второ дете, а дотогаш како што велат секој слободен миг ќе и го посветат на својата две и пол годишна ќеркичка Валентина.
Тричленото семејство минатата недела вечераше во еден од најпознатите њујоршки ресторани, а Лима како и секогаш, своите импресии ги споделила на својот Twitter профил.
Вечера со моите две најголеми љубови – напишала Лима под фотографијата на која сите тројца пленат со своите насмевки.
Со тоа парот уште еднаш ги демантираше шпекулациите дека имаат проблеми во љубовниот рај и дека ќе се разведуваат.
Марко Јариќ неодамна со својата сопруга и ќерка престојуваше една недела во Бразил, кај мајката на Адријана, а има најави дека во текот на летото доколку се се одвива во ред со бременоста на неговата сакана дека ќе го посетата и неговото семејство во Белград.