Ирскиот актер Лиам Нисон (60) кој две години беше во врска со сопственичката на маркетиншката агенција Фреј Сент Џонсон (38), неодамна ја раскинале врската со цел што повеќе време да поминува со своите синови Мајкл (17) и Даниел (16), за кои немал доволно време.
Нисон среќата во љубовта со 22 години помладата Бритнака ја пронајде 18 месеци по смртта на својата сопруга Наташа Ричардсон. Бројни се коментарите во јавноста дека Фреј физички многу потсетувала на неговата покојна сопруга која загина при несреќа на скијање во Канада во 2009 година.
Наташа Ричардсон која е ќерка на Венеса Редгрејв и режисерот Тони Ричардсон , со Нисон се венчаа во 1994 година.