Поп – ѕвездата Лепа Брена (51) поминала три дена во Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње” поради венска тромбоза. За среќа, лекарите успеале ситуацијата да ја стават под контрола така што вчера таа е пуштена на домашно лекување.
Таа и порано имало вакви проблеми со здравјето.
„Нејзината венска тромбоза, сама по себе не е опасна, но може да предизвика компликации, вклучувајќи белодробна емболија, т.н. белодробен инфаркт, а тој може да биде смртоносен. За среќа, лекарите го пробиле тромбот, а Брена вчера е пуштена на домашно лекување„ – изјави соговорник за весникот „Ало“.
Брена не беше достапна за коментар, а нејзиниот сопруг само потврди дека била примена во болница, но не и зошто.