Модното списание „Вог“ за септемвриското издание подготви рекордни 916 страници, а за насловната ја одбра Лејди Гага.
За фотографиите се заслужни Мерт и Маркус, а за стајлингот се погрижи Гејс Кодингтон која Гага ја облече во спектакуларен фустан на Марк Џејкобс.
Лејди Гага не ја пропушти можноста да ги информира своите 28 милиони следбеници дека токму таа ќе ја краси насловната на ова престижно списание.