Лејди Гага ќе глуми во серијата „Американска хорор приказна“

Од:

Музичката поп дива Лејди Гага на своите фанови на Твитер им откри дека се подготвува за снимање на популарната телевизиска серија „Американска хорор приказна“ („American Horror Story“).

„Ентртејнмент Викли“ дознава дека Лејди Гага нема само да гостува во неколку епизоди, туку дека ќе стане стандарден член на актерската екипа во петтата сезона на серијата, што ќе претставува прв поголем актерски ангажман на пејачката.

Новата сезоната ќе биде со поднаслов „Хотел“, но засега не е познато каква улога ќе добие Лејди Гага.

Злобниците забележуваат дека имајќи ја предвид склоноста на пејачката да се појавува во екстравагантен оутфит, таа сигурно многу добро ќе се вклопи во хорор атмосфата на серијата.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска