„Лејди Гага е музички Пикасо!“

Од:

„Лејди Гага е извонредна пејачка и мој драг пријател. Јас ја почитувам затоа што е многу креативна, се менува секој ден, има многу идеи и успева да ги реализира. Јас ја нарекувам музички Пикасо. Нејзината енергија е извонредна “, вели музичката легенда Тони Бенет за Лејди Гага со која наскоро повторно ќе сорабптуваат.

Бенет и поп-ѕвездата Лејди Гага ќе почнат да работат на нов, заеднички албум во кој ќе доминираат џез ритмовите.
Во средината на минатата година во Њујорк, Тони и Gaga ја снимија во студио заводливата верзија на култната песна „The Lady is a Tramp“ за албумт на Бенет.

Гага беше толку нервозна па целиот ден морала да пие виски за да се смири. На крајот прашала нис смеа: „Дали сите девојки мораат да се опијат за да го издржат твоето друштво?“

Сега веројатно оваа ситуација пак ќе се повтори бидејќи Тони Бенет на 29. септември, во интервјуто за магазинот „Rolling Stone“ објави дека ќе ги сними џез албум со Лејди Гага.

„Лејди Гага ми се јави во една прилика од Нов Зеланд и само рече дека сака да направи џез албум со мене“, рече Бенет и го очекува во октомври издавањето на нивниот нов албум “Viva Duets“.

Со снимањето ќе се започне што е можно поскоро, веднаш штом нивните обврски ќе го дозволат тоа.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска