Лејди Гага бара судска забрана за објавување информации од спорот на нејзини поранешни соработници

Од:

Лејди Гага побара судска забрана за објавување на инфромации во медиумите од спорот по тужбата на нејзината поранешна соработничка и блиска пријателка Венди Старланд против нејзиниот некогашен продуцент Роб Фусари.

Старланд поднесе тужба против Фусари, обвинувајќи го дека „и дал премалку пари“, имајќи ја предвид нејзината „заслуга за откривањето и почетокот на кариерата“ на Лејди Гага, која е една од најголемите музички ѕвезди на денешницата.

Лејди Гага побара од Судот да запечати некои документи од спорот меѓу Страланд и Фусари, со цел информациите во нив никогаш да не излезат во јавноста, бидејќи, како што тврди во барањето, тие се од „чувствителни и приватна природа“.

Според пејачката, објавувањето на овие информации во јавноста би и нанело „значителна приватна и деловна штета“.

Судот се уште се нема произнесено по барањето за забрана на Лејди Гага.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска