Македонската рок група Леб и Сол со концерт на 20 декември ќе прослави 40 години од своето постоење и делување. Концертот, кој ќе го одржат во Македонската опера и балет, ќе биде и последен настап на групата со кој се заокружува нивната блескава музичка кариера.
За концертот е предвидена специјална програма, а составот ќе го придружува симфониски оркестар, за кој се изработени и специјални аранжмани.
Од МОБ информираат дека првиот концерт закажан за 20 декември е веќе распродаден, а билети можат да се купат за вториот, кој е закажан за наредниот ден, среда, 21 декември со почеток во истиот термин од 20 часот, на Големата сцена во Македонската опера и балет.