Во Белград маестрален концерт на дуото Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов

Од:

Синоќа во Белград на музичкиот џез фестивал „Somersby Jazz in the Garden“, Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов за првпат во кариерата настапија заедно на сцената како дует, а како специјален гостин им се придружи и американскиот госпел и блуз пејач Дин Бауман, јави дописникот на МИА од Белград.

–Со Васил се знаеме подолго време. Сме били заедно учесници на разни проекти и на разни концерти, кај што не сме биле фронтмени на ситуацијата, туку сме били гости или сме били во некоја комбинација која не е баш каква е вечерва. Вечерва ќе ги вкрстиме инструментите – клавир и гитара на најдобар можен начин. Драго ми е што тоа се случува и драго ми е што овој настап во Белград е иницијатива на Тиквеш, кој промовира нови вина, се јавија уште пред година дена, да го чувам овој датум, изјави Влатко Стефановски.

Преку композициите на виртуозот Влатко Стефановски, клавијатурата на Васил Хаџиманов, македонскиот етно мелос кој провејуваше во комбинација на џез, посетителите уживаа во настапот во опуштена атмосфера на амбиентот на „Белградска градина“ која ја исполнија до последното место.

-Па, имаше разговори за тоа во која насока треба да се одржи настапот. Дали со неговото трио, дали со мојот бенд или со трет тим, и тогаш сфативме дека можеби е најдобро само ние двајца да бидеме на сцена, бидејќи тоа никогаш досега не се случило, затоа ова е една ексклузивна вечер. Имаме и специјален гостин, тоа е Дин Бауман, тој е фантастичен пејач од Њујорк, кој за наша среќа се пресели во Романија и е блиску до нас, па можевме да го викнеме. На настапот ќе поминеме низ песните на Влатко и низ мои песни, а ќе има и сол, блуз репертоар, и сето тоа во еден сет, изјави Васил Хаџиманов.

Фестивалот беше затврен со концертот на Васил Хаџиманов и Влатко Стефановски кој, како што најави, наскоро пак ќе гостува во Белград.

-Оваа година го одбележувам јубилејот педесет години на сцена, тоа е навистина јубилеј, од кој самиот се плашам, кога ќе помислам колку години прошле и овде во Белград, ќе правам гала концерт во Сава Центар пред Нова година, на 16 декември. Во меѓувреме завршувам нов албум, завршувам и мемоари, во меѓувреме се случуваат некои многу интересни работи. Од една компанија од Виена која изработува жици за гитара, за виолини, за чела и друго, добив сигничар жици, жици со моето име, Томастик Гимфилт Влатко Стефановски едишн, што ми преставува големо задовоство и големо чест. Доѓаат уште некои много возбудливи датуми кои не би сакал да ги откривам за да не ги расипам, изјави Влатко Стефановски.

Интернационалниот музичкиот џез фестивал „Somersby Jazz in the Garden“ се одржува по четврти пат во амбиентот на „ Ботаничка градина“ во Белград, на кој настапија повеќе музичари меѓу кои беше и Рамбо Амадеус.

Би можело да ве интересира

Љутков во Охрид: Културното наследство во очајна состојба

Концерт „Најдоброто од Копров” на „Скопско лето“

Концерт на хрватската танцова група „Пријатели на Израел“ на „Скопско лето“

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Изложба на кинеска калиграфија отворена во Велес

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“