Аргентинскиот актер Себастијан Руљи, кој ги заинтересира жените глумејќи го презгодниот Хектор во теленовелата „Руби“, ги изненади своите обожавателки со фотографии од плажа на кои позира комплетно гол.
Тој објави најпрво фотографии на кои со своите раце ги криеше стратешките делови од телото и им порача на своите фанови дека ќе ги тргне дланките ако добие милион лајкови.
Откако доби скоро милион лајкови, на наредната фотографија тој навистина ги подигна рацете, но жената која го фотографираше му ги прекри гениталиите со парче отпад, пренесува index.hr.
„Ги тргнав дланките, но ако не можете да видите повеќе, тоа е поради отпадот. Се надевам дека оваа фотографија ќе дојде до милиони луѓе кои ќе сфатат дека е штета отпадот и понатаму да се трупа на плажите и да го уништува изгледот, вклучувајќи ја и оваа фотографија. Да нема толку отпад, оваа плажа би била рај. Овој свет би бил поинакво место. Штета што сме неодговорни како друштво и секогаш бараме вина во другите. Не фрлајте отпад, не користите толку пластика. Да ги исчистиме плажите, да собереме се што можеме. Се надевам дека ова лудило ќе помогне да се подигне свеста за тоа колку е важно да ја чуваме нашата околина, нашата планета. Ви благодарам на лајковите и коментарите, но би ви бил уште поблагодарен, ако ја ширите оваа порака“, напиша актерот под фотографијата.