Кучето Боди денес е еден од десетте највлијателни модели на машката облека и неговото влијание продолжува да расте.
Во зимата 2013 година неговите сопственици Дејвид Фунг и неговата сопруга Џен одлучиле да го земат нивното милениче на патување од Њујорк во Кетскилс.
Тоа што требаше да биде обичен викенд се претвори во фантастична приказна. Дејвид и Џен го облекле нивното милениче и таа фотографија ја споделија на социјалните мрежи.
Денес, нешто повеќе од една година после тој викенд, Боди е една од најголемите модни икони. Денес Боди добива насловни страни на престижните списанија како Њујорк Тајмс и е заштитно лице на некои од најсилните брендови.
Овие денови Дејвид и Џен отидоа чекор понапред: објавија прва книга во која се вградени Бодиевите совети.
Работата како модел на Боди не му паѓа премногу тешко. Ужива во сликање, а неговите сопственици велат дека просто е неверојатно како со неговото држење го „следи“ тоа што тие ќе му го облечат.