По само шест недели откако се откри аферата на 22-годишната Кристен Стјуарт и оженетиот британски режисер Руперт Сандерс, младата актерка се „осмели“ да се појави во јавноста.
За оваа тешка задача ја избра премиерата на својот нов филм „On the Road“ на филмскиот фестивал во Торонто.
На црвениот тепих, кадешто до неодама чекореше со своето поранешно момче Роберт Патинсон, овојпат се појави сама со голема насмевка на лицето предизвикувајќи го вниманието на сите камери.
Таа не можеше да ја прикрие својата огорченост и индиферентност кон какво било дружење со колегите.
Депресијата и чувствата за сето она што се случи можеа да се видат на нејзиното лице. Очигледно иако е една од најдобрите млади актерки, сепак не можеше ништо да сокрие.
Но, најлошото помина.