Актерот Крис Хемсворт, инаку роден во Австралија, го воодушеви светот со тоа што со семејството донираше дури 1 милион американски долари на неговиот роден град, кој е зафатен од пожарите.
– Како и целиот свет, јас сум погоден од она што ни се случува кај нас, во Австралија. Одлучив да донирам милион долари. Секој нека донира колку што може, секој цент е битен, рече Крис.
Хемсворт стана познат по улогата на Тор во блокбастерот од 2011-та година, а летово непријатно ги изненади фановите кога објави дека се повлекува од актерството, затоа што приоритет му е неговиот семеен живот.
За среќа за обожавателите на Хемсворт, како и за фановите на филмовите за суперхероите, Крис се задоволи со само малку подолг одмор и „полнење на батериите“, па така Тор ќе глуми и следната година кога треба да биде објавен нов филм за овој супер-херој.
По примерот на Хемсворт, пејачките Пинк и Кајли Миног и актерката Никол Кидман донираа по половина милион долари, а кампањата продолжува.
Старлетата Кајли Џенер исто така донираше 1 милион долари по повиците на социјалните медиуми.