Крадци влегоа во домот на Дeн Билзеријан

Од:

Раскошниот дом на кралот на Инстаграм, Ден Билзеријан минатиот викенд бил цел на крадци, кои се обиделе да ја украдат неговата колекција на оружје, објавија американските медиуми.

Истите извори наведуваат дека крадците точно знаеле што бараат и каде се наоѓа нивната цел, што не зачудува имајќи предвид дека Билзеријан со своите повеќе од 12 милиони фанови на Инстаграм редовно споделува фотографии од неговиот имот на Холивуд Хил.

oruzjedanBilzerian

– Тие влегле додека бев во Њујорк. Го скршиле стаклото на гостинската соба со базен и влегле внатре, но пред тоа ги онеспособиле сите надворешни камери, објасни 34-годишниот Билзеријан.

Крадците ги декативирале и внатрешните надзорни камери, а потоа тргнале директно кон плакарот каде Билзеријан ја чува колекцијата со оружје.

– Бидејќи (плакарот) е зајакнат со челик, нивната намера не била успешна. Тие го занемариле и мојот најнов сигурносен систем, така што полицијата дошла веднаш откако влегле, изјави Вилзеријан за магазинот „Пипл“.

Крадците ги зеле и клучевите од неговиот „Бентли“, но не стигнале да го украдат автомобилот.

Полицијата трага по крадците, но се чини дека нивното апсење нема да биде лесна задача, бидејќи биле маскирани во црно со скијачки маски на главите.

Сепак, Билзеријан не беше многу потресен од целиот инцидент и набрзо се наврати на пријатното дружење со неговите атрактивни цимерки и објавувањето фотографии на Инстаграм.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска