Кортни Кардашијан стана мајка по втор пат

Од:

Многубројното семејство Кардашијан, познато по нивното реално шоу, се збогати со уште еден член – малата Пенелопе.

33 годишната Кортни вчера стана мајка по втор пат. Во болницата во Лос Анџелес Кортни на свет ја донесе малата ќеркичка, која таа и нејзиниот вереник Скот Дисик ја крстија Пенелопе Скотланд.

Парот веќе го има двегодишниот син Мејсон. Доаѓањето на свет на Мејсон можеше дури и да се види во една од епизодите на нивното релано шоу Keeping Up With The Kardashians.

„Скот и јас сме пресреќни што во нашиот живот му посакавме добредојде на мал анѓел како што е Пенелопе Скотланд Дисик. Благословени сме засекогаш, а јас и бебето сме одлични и се одмараме“ – стои во службената изјава на среќната мајка.

Гордата баба Крис во изјава за медиумите рече дека Кортни се породила по природен пат.

„Беше одлично, имаше сосема лесен пораѓај. Пенелопе е многу слатка, наликува на Мејсон. Прекрасна е и сите сме многу среќни“, воодушевено изјавила Крис Џенер, главата на семејството.

Семејството и овој пат на камера го доловило пораѓајот на малата Пенелопе, па на фановите на нивното шоу им останува да причекаат за да видат дали оваа снимка ќе остане во приватните архиви на семејството или и та ќе биде дел од Кардашијан шоуто, исто како кога на свет дојде и малиот Мејсон.

 

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска