Пејачката Адел се појави на последниот концерт во рамките на турнејата на популарната група „Spice girls“, чиј е голем фан. Меѓутоа Адел не беше повикана на бината за да ја испее нејзината омилена песна со групата.
Една од спајсиците, Мел С. откри дека сите членови на групата според договорот одбиле да испеат песна со Адел од страв дека ќе ги засени нивните вокални способности.
– Чув некои гласини дека сакала да ја отпее песната „2 become 1“. Одбивме, кој би сакал да пее со Адел?, рече Мел С.
– Не е тајна колку ги сакам и колку ме инспирираа да трчам за животот и никогаш да не гледам назад, рече во една прилика Адел за „Spice girls“.
– „Spice Girls“ ги видов на Вембли последен пат пред 21 година. Вечер со моите најблиски плачев, се смеев, играв. Конечно ја запознав Гери, се напив со девојките. Благодарам за ова лудило во кое живеам, не би можела без вас пет британски легенди. Ве сакам, напиша тогаш Адел на Инстаграм откако со спајсиците го прослави крајот на турнејата.