Кого шета полубратот на Саркози?

Од:

Полубратот на сега веќе поранешниот француски претседател Никола Саркози, Оливер, деновиве прошета по улиците на ЊуЈорк со својата нова девојка, познатата актерка Мери Кејт Олсен и неговата ќерка од поранешниот брак. Двете со скоро иста висина, а и поблиски во годините отколку двајцата љубовници, шетаа прегрнувајќи го Оливер и оддавајќи збунувачка слика.

„Злобниците“ веднаш искоментираа, Мери Кејт ја заборави својата сестра близначка Ешли и си пронајде нова – во ќерката на својот љубовник.

26-годишната актерка, а сега веќе и моден дизајнер и нејзиниот 42-годишен љубовник, успешен банкар, за прв пат се појавија во јавност во април, а ова е прв пат да излезат со ќерката од претходниот брак на Оливер.

И додека Мери Кејт, неуредна како скоро никогаш досега со едната рака го прегрнуваше Оливер, во другата држеше цигара.

Саркози, пак кој отскокнуваше со својата висина, цврсто ги прегрнуваше двете девојки, кои беа сосема „токмоглави“.

Ќерката на Николас, чие име и години не се откриваат, е заедничко дете на Саркози и Шарлот Бернард, позната авторка на детски книги, со која се разделија 2010-тата година. Шарлот, уште на почетокот на месецот во изјава за National Enquirer рече дека не ја одобрува врската на својот поранешен сопруг со скоро двојно помладата актерка. Блиски пријатели до екс- сопружниците изјавиле дека Шарлот е лута што Саркози ја повел и својата ќерка на рандеву со Мери Кејт, оти се плашела дека актерката позната по своите недолично однесување може да влијае врз девојчето.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска