„Вестите брзо се менуваат“ е насловот на рекламната кампања во чилеанскиот дневен весник „Ел Мострадор“ во која славните мртовци ги закопуваат живите херои на денешницата.
Дневниот весник порачува дека вестите толку брзо се менуваат што оној што до вчера бил мртов, денес е можеби жив.
Моамер Гадафи го погребува Хосни Мубарак, Ејми Вајнхаус принцот Вилијам и Кејт, а Стив Џобс – Џулијан Асанж.
Од кампањата најмногу се шокираа Британците, поради дрскоста да се наслика кралското семејство мртво.