Кога е криза, мажите сакаат дебели жени

Од:

Според последните научни испитувања, во време на криза, мажите повеќе сакаат дебели жени, отколку слаби, односно сите повеќе би ја избрале полната Кристин Хендрикс, наспроти слабата Анџелина Џоли.

Психолозите од Весиминерскиот универзитетот спровеле студија во која биле вклучени 80 мажи со нормална тежина. Половината од нив биле подложени на исцрпувачки интервјуа во кои целта била да се доведат до максимален степен на несигурност и вознемиреност. По интервјуто, двете групи гледале слики на убави жени со различни тежини и обликување на телото.

Ниту едната од групите не покажала аверзија кон било кои од жените, но оние кои биле изложени на стресните ситуации повеќе ги преферирале подебелите жени.

Психолозите веруваат дека за време на стресните периоди во животот, мажите ги сакаат ваквите припаднички на понежниот пол, затоа што делуваат позрело, а дебелината укажува на фактот дека нивната социјална и економска сотојба е стабилна. Изборот го прават, се разбира, потполно несвесно.

„Физичката зрелост е поврзана со способноста да се справат со тешки и опасни ситуации. Атрибутите на потешките жени, за мажите симболизираат моќ, контрола и независност. Тоа се токму вистинските квалитети што според нив им се потребни во тешките времиња “, објасни д-р Вирен Свами, додавајќи дека привлечноста не е постојана и трајна категорија и на неа влијаат и многу други социјални околности.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска