Коавторот на „Симпсонови“ го подарува целокупното богатство во добротворни цели

Од:

Коавторот на цртаната филмска серија „Симпсонови“, сценаристот и продуцент Сем Сајмон (58), кој боледува од рак во завршна фаза, откако престана да работи на познатата серија во 1993 година своето богатство го троши на борба против гладта и за правата на животните.

sam-simonСпоред магазинот „Холивуд репортер“, дипломецот на Универзитетот Станфорд, кој израснал во Беверли Хилс и Малибу, тврди дека и самиот не може да каже колку пари досега вложил во добротворни цели.

Сајмон е основач на фондацијата „Сем Сајмон“ во Малибу, што се бори за спас на гладните и животните скитници.

Со години го помага работењето на организацијата за заштита на животните ПЕТА, која во знак на благодарност своето седиште во Норфолк, во Вирџинија го именува по него „Сем Сајмон Центар“.

Пред пет месеци на Сајмон, деветкратниот добитник на „Еми“ награди, е дијагностициран рак на дебелото црево во завршна фаза и лекарите му предвидуваат од три до шест месеци живот.

Поради болеста Сем Сајмон одлучи да ги донира во добротворни цели своите авторски хонорари за серијата „Симпсонови“, кои како што самиот изјави му носат годишна заработка од над десетина милиони долари.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска