Откако Румер, Скаут и Талула, ќерките на Деми Мур и Брус Вилис, го прекинаа контакотот со мајка си, приказната добива уште подраматичен заплет. Бараат од судот да издаде судска забрана со која и службено на Деми би и било забрането да им приоѓа на ќерките.
Откако пропадна нејзиниот брак со Ештон Качер, Деми станала неподнослива за своите ќерки. По бурниот развод, Деми беше однесена во клиника за рехабилитација за одвикнување од зависности од ампули и за помош од анорексијата. Девојките на блиските пријатели им раскажале дека нивната мајка станува неподнослива, и дека постојано се обидува да стапи во контакт со нив.
Румер, Скаут и Талула сега озбилно размислуваат да побараат службена забрана за приошање, како би ја спречиле Деми да им досадува и да се обидува да контактира со нив. Трите ќерки пред неколку недели и дале до знаење како не сакаат да разговараат со неа, но таа со сите сили се обидува да им влезе во животите. Секојдневно им ѕвонела на телефон, иим праќала мејлови, по што девојките се одлучиле на драстичниот чекор.