Ќерката на познатиот актер Џони Деп и пеачката Ванеса Раради неодамна наполни 13 години. Благодарение на гените наследени од познатите родители таа веќе личи на вистинска убавица.
Фотографите неодамна ја „забележаа“ симпатичната тинејџерка во шопинг со нејзината дадилка и многумина констатираа дека таа го зела најубавото од своите родители.
Ангелското лице, тенката градба и русата коса ја наследила од мајка си Ванеса, а кафеавите очи од својот татко Џони.
Многумина предвидуваат дека за неколку години малата витка Лили ќе биде една од најубавите холивудски девојки.