Кирк Камерун и Камерон Дијаз добија „Златна малина“ за најлош актер и актерка

Од:

Камерон Дијаз и Кирк Камерун ја добија навредливата награда  за најлоша актерка и најлош актер на годинешните 35-ти антинагради „Златна малина“, пренесоа светските агенции.

Кирк Камерун е големиот годинешен „победник“, бидејќи освои четири „малини“ од шестте категории во кои беше номиниран тој и неговата комедија „Спасувањето на Божик“: најлош филм, најлош актер, најлошо сценарио и најлош екранизиран дует за него и неговото его.

Камерон Дијаз, пак, ја освои малината испрскана со златен спреј, вредна помалку од пет долари, за своите улоги во две комедии: „Другата жена“ и „Секс снимка“.

Модерната верзија на мјузиклот „Ени“, во кој исто така учествува Камерон Дијаз, заедно со Џејми Фокс и Квавенжани Волис, беше прогласен  за најлош римејк, имитација или продолжение.

Фаворитот за антинаградите Мајкл Беј беше награден како најлош режисер за „Трансформерс: Ера на истребувачите“, иако филмот заработи над една милијарда долари.

Замислена како пародија на наградите „Оскар“, антинаградите „Златна малина“ се врачуваат на еден ден пред доделувањето на најпрестижните награди во светот на филмот. Антинаградите се воведени во 1980 година од публицистот Џон Вилсон и секоја година се доделуваат од членовите на истоимената фондација за најслаби постигнувања на филмот.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска