Славниот холивудски актер Кирк Даглас, чиишто улоги ја одбележаа кинематографијата на 20 век, денеска го прославИ 103 роденден.
Семејството Даглас повторно се собра за да прослави, а на „Инстаграм“ му честиташе неговиот внук Камерон, од синот Мајкл.
„Среќен роденден Папи, ти си подарок на светот, ѕвезда водилка и моја инспирација“, порача Камерон.
И сопругата на неговиот син, Кетрин Зета Џонс со објава на „Инстаграм“ му го честиташе роденденот на Кирк.
„Овој човек на моето колено има 103 години!!!!! Среќен роденден Папи!!! Те сакам со целото мое срце.“, напиша таа.
Од почетокот на филмската кариера во 1946 година, Кирк Даглас оствари повеќе од 90 филмски улоги, а ќе остане запаметен и по филмовите „Шампион“, „Пресметка кај ОК коралот“, „Патеки на славата“, „Последниот воз од Ган Хил“, „Спартак“ и многу други.
Тој трипати беше номиниран за наградата „Оскар“ за главна машка улога, но златната статуетка ја крена само еднаш, и тоа во 1996 година кога доби „Оскар“ за животно дело.