Кира Најтли бремена по вторпат

Од:

Британската актерка Кира Најтли е бремена по вторпат. Таа вчера се појави на забава на „Шанел“ во коктел фустан под кој се наѕираше нејзиното трудничко стомаче. Триесет и четиригодишната Кира дојде на забавата со сопругот, музичарот Џејмс Рајтон.

Британските медиуми пишуваат дека Најтли ги изненадила со трудничкото стомаче бидејќи пред две недели била фотографирана на забава, но тогаш ништо не се гледало под нејзината облека.

Кира и Џејмс се венчаа во 2013 година, а две години подоцна станаа родители на момче, Еди.

„Тешко ми е да балансирам меѓу мајчинството и кариерата, ама среќна сум што можам да си дозволам бебиситерка. Ми треба дополнителна помош, одгледувањето дете не е лесна задача“, рече Кира во интервју во јануари.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска