Популарната старлета Ким Кардашиан е пресреќна што е инспирација за новата песна на Кени Вест „Perfect Bitch“.
„Јас сум почестена и многу ми се допаѓа песната“ вели Ким, додавајќи „Знам дека тој кога вели кучка не мисли ништо негативно“.
Вчера, Кени на својот твитер објави песна со наслов „Совршена кучка“ што и ја посвети на Ким.
Иако тој потоа ја избриша песната, Ким сепак се чувстува одлично што тој воопшто ја напишал.
„Песната зборува за неговата историја во која тој запознал многу девојки, но никогаш не ја сретнал вистинската се додека не налета на мене“. вели Ким прилично задоволна и од фактот што тој го „опеал“ совршено и нејзиното тело.