По обвинувањата за сексуално вознемирување кон Кевин Спејси, тој соопшти дека се повлекува од глумата и оди на лекување.
Гласноговорникот на глумецот изјави дека тој ќе се повлече на некое време, ќе побара неопходно стручно мислење и дека ќе оди лекување, но не прецизираше какво.
Освен Спејси, уште неколку филмаџии се соочуваат со обвинувања за сексуално вознемирување, а меѓу нив се Харви Вајнстин, Дастин Хофман и Брет Ретнер.
Двојниот оскаровец Спејси, деновиве беше обвинет дека сексуално ги вознемирувал режисерот Тони Монтана и глумците Роберт Кавазос и Ентони Реп, како и уште едно лице, со иницијали Ц.Д., кое претпочита да остане анонимно.
Во извинувањето кон Реп, Спејси ѝ соопшти на јавноста дека „одлучил да живее како геј маж“.